Хуман велосипедист не дозволи дехидрираното кученце да остане препуштено на судбината
Секогаш треба да им помогнеме на луѓето и животните кога сме во можност да го направиме тоа. Земете го за пример овој хуман велосипедист! Тројцата велосипедисти возеле низ јужната провинција Рио Негро во Аргентина. Одеднаш еден од нив забележал куче на патот. Кучето најверојатно оставено да умре во пустелијата било дехидрирано и истоштено и било очигледно дека доколку и велосипедистите го одминат, нема да има спас за него.
Родри, Алан и Емилијано од Вила Регина се сожалиле на кучето и едниот од нив, решил буквално да го носи на грб до градот, со цел да му обезбеди засолниште. Моментално не се знае каде завршило кучето. Но, едно е сигурно сега е во цивилизација и ја доби неговата шанса за преживување.