Хумана Британка отишла да собира ѓубре од плажата и пронашла вистински, стар, дрвен ковчег со богатство внатре
Собирањето ѓубре од плажа само по себе треба да биде доволна награда, но оваа жена доби неочекувано великодушен бонус за својата работа.
Во ковчегот што го пронашла Џени Фицџералд имало околу 100 стари монети, скапоцени камења, ‘рѓосан џебен часовник и прстен.
„Никогаш до сега не сум нашла вакво нешто на плажата. Обично наоѓам само убави школки, па затоа беше неверојатно“, рече г-ѓа Фицџералд (38).
Таа го пронашла богатството помеѓу Карт Гап и Хепизбург додека на 20 март, кога била дел од тим за чистење плажа во Северен Норфолк. Кутијата од околу 25 сантиметри била во подножјето на ниска карпа, скриена зад песочна насип.
Г-ѓа Фицџералд верува дека ковчегот излегол на површина од неодамнешен пад на карпа.
„Беше покриен со песок, но е во прилично добра состојба со оглед на тоа колку е стар“, рече Џени.
Нејзиниот сопруг Џејмс (40), ИТ консултант, ѝ помогнал да го донесе ковчегот од 3 килограми дома во Норвич, каде децата Харисон (9) и Дарси (6) со голема радост ѝ помогнале да го исчистат песокот користејќи стари четки за заби.
Тие пронашле и украсено шише за парфем, железен клуч и сребрен кибрит со изгравирано име „Ернест“.
Ковчегот го предале на властите на округот Норфолк, за да го предадат на судски вештак за да утврди на кого му припаѓал.
Г-ѓа Фицџералд додаде: „Одговорните лица мислат дека ова откритие е повеќе од историска вредност, но моите деца мислат дека ќе бидат богати. Им се разви фантазијата. Харисон мислеше дека ова е некој сон.“









