Хуманоста на прво место: Македонски инстаграмџија донираше за луѓето чии куќи изгореа во пожарите

Социјалните мрежи не служат секогаш за ставање на провокативни фотографии и да се пофалиме во кој ресторан сме јаделе денес. Роберто Навали е виртуелен лик, инстаграмџија, кој не го открива својот идентитет, но споделува интересна содржина со неговите следачи.

Навали и негов пријател одлучиле да направат хуман гест и да ги испирираат луѓето да го направат истото. Тој и негов пријател донираа 1000 евра за семејствата од Прилеп чии куќи изгореа во пожарите.

Дури 11 жители од Прилеп останаа без своите домови како последица од пожарите. За жал станува збор за луѓе на кои паричната помош им е најпотребна. Четири социјални бараки во населбата Варош под Марковите кули целосно изгореа пред две недели и оставија на улица луѓе кои не се во добра финансиска ситуација и луѓе со здравствени проблеми.