„Ѝ испратив видео од одмор на вештачката интелигенција и побарав да го направи позабавно – но, откако го видов резултатот дефинитивно ќе имам кошмари“
Пред да умре, Стивен Хокинг предупреди дека „развојот на целосна вештачка интелигенција може да значи крај на човечката раса“. Тој предупреди дека во одреден момент вештачката интелигенција ќе ја надмине човечката интелигенција и од тој момент па натаму, ќе дојде катастрофа.
Ние (се надеваме) не сме во филмовите на Терминатор каде што ја ставаме вештачката интелигенција задолжена за оружјето и таа се обидува да не „избрише“ сите; наместо тоа, се чини дека ја храниме со нешта и гледаме што може да направи.
Луѓето ја користат вештачката интелигенција за да видат колку депресивно компјутерот смета дека ќе изгледа „Мекдоналдс“ за 20 години од сега и како би изгледала епизода од Симпсонови во вистински живот. Други снимаат видеа со вештачка интелигенција, затоа што технологијата стигна прилично далеку за многу кратко време.
Еден човек кој решил да го „дотера“ своето видео за одмор со вештачка интелигенција изјави дека е „прилично сигурен дека ќе има кошмари за цел живот“, бидејќи паметната технологија направила животни да излегуваат од водата и тој да се бори со силни бранови и суштества, а всушност тоа требало да биде забавно видео.
Вештачката интелигенција била користена за ваков вид на работи и претходно, со различни резултати, а многу од нив изгледаат прилично сурово и бесмислено.
Во последно време имаше и други „вознемирувачки“ случувања околу вештачката интелигенција, бидејќи Скарлет Јохансон одби да биде гласот на „OpenAI“, еден од чет-ботовите за ChatGPT.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно