И Кина ја направи истата грешка како Македонија! Се испромовираа со „туѓа слава“
Кинеските државни медиуми се обидоа да ја промовираат Кина како туристичка дестинација користејќи видео од швајцарските Алпи. Познато ви е ова од некаде? Хмм, се случуваат вакви работи.
China Daily, медиумски извор контролиран од државата, е исмеван затоа објавиле видео за наводно да прикаже идилична и неименувана локација на село во Кина.
Со залепен хаштагот #GlamourChina (Гламурозна Кина) на објавтаа стоело: „Нели би сакале да го псоетите ова мирно бегство од реалноста и да уживате во времето поминато со вашето куче во мал град сместен во подножјето на планината?”
Луѓето на социјалните мрежи брзо забележаа дека фотографијата е всушност преземена од видеото на YouTube поставено од Силвија Мишел, фотографка со седиште во прекрасниот Бриенц, село со прекрасен поглед на Швајцарските Алпи, сместено на повеќе од „половина свет“ од Кина.
Објавата оттогаш е избришана, но не пред луѓето да можат да ја видат, да ја споделат, да фаќаат сеир и да ја известат фотографката која го направила видеото.
Со случај да сте заборавиле и Македонија промовираше „домашен туризам“ со фотографии од Германија и Франција. Доколку сакате да се потсетите и насмеете, кликнете ТУКА.