И музеите не се тоа што беа, сега и тие користат „Only Fans“
Група музеи во Виена смислија нов интересен начин да ги промовираат своите колекции, со прикажување голи уметнички дела на апликацијата OnlyFans.
Туристичкиот одбор на австриската престолнина неодамна објави дека направил профил на платформата, која е најпозната по тоа што им овозможува на корисниците да испраќаат с*ксуално експлицитна содржина, со цел да прикажуваат слики од голи портрети во музеите во градот без да ги цензурираат.
Кампањата „Виена се соблекува само за Only Fans“ беше започната за да ги поттикне туристите да ги посетат колекциите во живо, но исто така послужи и за да ги истакне дилемите што ги имаат галериите со голи колекции кога станува збор за објавување на нивните уметнички дела на социјалните медиуми.

Портпаролот на одборот рече дека одлуката за создавање профил е донесена за да протестира против правилата за цензура на други платформи како Фејсбук и Твитер, што ги спречува да можат да вклучуваат голи уметнички дела како дел од нивните промотивни материјали.
Во последниве години, неколку слики и други уметнички дела со голи ликови беа отстранети од профилите на социјалните медиуми на голем број галерии откако беа означени како „потенцијално порнографски“, а дела на некои од најистакнатите светски сликари се сметаа за несоодветни.

Зборувајќи во име на одборот за туризам во Виена, Хелена Хартлауер рече:
„Овие уметнички дела се клучни за Виена, кога мислите на автопортретот на Шиле од 1910 година, тоа е едно од најиконските уметнички дела. Ако тие не можат да се користат на алатка за комуникација како социјалните медиуми, тоа е нефер и фрустрирачки. Затоа размислувавме за OnlyFans како совршен начин да ги покажеме овие работи“.
Претплатниците на каналот Виена 18+ ќе добијат бесплатен влез за посета на едно од уметничките дела, бидејќи Австрија гледа да го заживее туризмот по пандемијата COVID-19.
