И на Скопје му требаат вакви! Топови против смог се распоредени низ Њу Делхи, кој e прогласен за најзагаден град во светот
На 10-ти ноември индексот за квалитет на воздухот во Њу Делхи надмина 470, ниво кое е 10 пати поголемо од безбедносниот праг.
Властите почнаа да ги затвораат училиштата, фабриките и градилиштата. И ставија рестрикција на некои дизел возила. На граѓаните им е речено да седат дома.
„Моите две деца се погодени од загаденоста, но ќерка ми е повеќе погодена. Таа има тешкотии со дишењето. И покрај тоа што постојано ги држиме вратите затворени сепак не можеме да го избегнеме загадувањето. На ќерка ми тешко ѝ е да оди и до тоалет од што снемува здив“. – изјави една мајка.
„Очите ме печат и ми стануваат црвени. Затоа носам маска“. – изјави друг
На 14-ти ноември Њу Делхи беше прогласен за најзагаден град во светот. Па едно од решенијата што го воведоа се овие топови против смог. Топовите против смог испуштаат капки вода кои се врзуваат со прашината и супстанците и се спуштаат на земјата. Но, дали е тоа доволно?
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно