И официјално, роботите почнаа да напаѓаат луѓе! Кинески робот ненадејно ги нападна своите креатори додека тие работеле на него
Кинеската компанија „Унитри Роботикс“ се соочи со неочекуван инцидент – еден од нејзините роботи, моделот Х1, изврши агресивен напад врз сопствените креатори. Инцидентот се случил додека роботот висел на кука за закачување, подготвувајќи се за уште еден тест.
Дали сме безбедни?
Некои присутни веднаш шпекулираа дека роботот можеби почнал да се бунтува во знак на протест поради лошиот третман кон него, можеби инспириран од слични видеа од „Бостон Дајнамикс“ во кои инженерите редовно туркаат и клоцаат уреди. Сепак, програмерите тврдат дека ваквите теории се неосновани.
Најверојатната верзија за тоа што се случило е дека роботот почувствувал губење на рамнотежата и автоматски се обидел да ја врати стабилноста, случајно удирајќи ги вработените во близина. Иако немаше сериозни последици, овој инцидент повторно го покрена прашањето за безбедноста во интеракциите меѓу луѓето и автономните машини.
Во старт да се сотре тоа…
Коментирај анонимно