И Папа би сине: Папата предизвика скандал откако ѝ ја лајкна фотографија на оваа разголена Бразилка

Фотографијата на моделот Наталија Гаработо била споделена на нејзиниот Инстаграм на 5 октомври, но неодамна стана популарна на социјалните мрежи откако еден од нејзините слдбеници забележал дека на фотографијата има лајк од официјалниот профил на Папата Франциск.

На фотографијата Наталија носи оскудна облека и тоа ни повеќе ни помалку облечена е како „лоша средношколка“. Папата и Наталија имаат 9 милиони заеднички следбеници, така што било прашање на време кога некој од нив ќе забележи.

И покрај тоа што најверојатно Папата не управува со својот Инстаграм профил, затоа што има 83 години и веројатноста е мала, но сепак предизвика вознемиреност и скандал, затоа што тоа го направил најверојатно некој негов близок.

Наталија се шегува дека „е благословена и ќе оди во рајот“ и дека можеби на нејзината мајка не ѝ се допаѓа фотографијата, но Папата е обожавател.

Без разлика дали на папата му се допаднала фотографијата или не, тој претходно го опиша сексот како „едноставно божествен“. Тој исто така ја опиша добрата храна како исто – и сигурни сме дека многумина од нас би се согласиле. За двете работи се дискутираше меѓу папата Франциск и италијанскиот писател Карло Петрини во серија интервјуа што се одржаа во септември.