И романтиката не е повеќе она што беше: Падна првото јавно запросување на вакцинален пункт во Охрид

Во Регионалниот вакцинален пункт во Охрид се случи нешто необично. По успешна ревакцинација едно момче одлучило да си ја запроси долгогодишната девојка.

„Регионалниот вакцинален пункт Охрид им посакува многу убави моменти, среќа, берикет и многу дечиња и успеси во животот на новиот млад брачен пар Кристина Андреска и Јордан Мојсоски од Охрид.“, пишува порталот Охрид Скај.

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.