И Волво ја отфрли идејата да продаваат само електрични автомобили до 2030, а ова се двете главни причини

Volvo потврди дека отстапи од ветувањето дека ќе продава само целосно електрични автомобили до 2030 година поради падот на побарувачката за возила со батерии.

Шведската автомобилска компанија денес објави дека сега има за цел 90-100% од глобалната продажба да биде или целосно електрична или приклучен хибрид до крајот на деценијата.

Оваа промена доаѓа поради забавување на интересот за електрични возила (ЕВ) на големите пазари, вклучувајќи ги и приватните купувачи во Обединетото Кралство. Volvo рече дека одложувањето ќе им овозможи да продаваат некои благи хибридни модели, доколку е потребно.

Во 2021 година, кога пазарните изгледи за електрични возила беа попозитивни, Volvo постави цел сите нивни автомобили да бидат целосно електрични до 2030 година. Но, падот на продажбата на електричниите возила во светот ги натера Volvo, како и некои од нивните конкуренти, да ги забават своите планови.

 

Двете главни причини поради кои Volvo ја отфрли идејата да продава само електрични автомобили до 2030 година се:

Побавно од очекуваното воведување на инфраструктура за полнење – Недоволниот развој на мрежата за полнење на електрични возила го забавува преминот кон целосна електрификација.

Повлекување на владините субвенции и нови тарифи за електрични возила – Во некои пазари се укинуваат субвенциите за електрични возила, а новите тарифи, особено за увоз на ЕВ од Кина, создаваат дополнителни несигурности. Во последно време, САД и Канада ги зголемија тарифите за ЕВ увезени од Кина на 100%, а ЕУ воведе привремени тарифи кои може да станат трајни подоцна оваа година.

Извршниот директор на Volvo Cars, Џим Роуан, рече: „Силно веруваме дека нашата иднина е електрична. Електричните автомобили нудат подобро возачко искуство и овозможуваат напредни технологии кои го подобруваат корисничкото искуство. Сепак, јасно е дека преминот кон електрични автомобили нема да биде едноставен, бидејќи различни пазари и клиенти се прилагодуваат со различно темпо. Ние остануваме флексибилни и практични, додека ја задржуваме нашата водечка позиција во електрификацијата и одржливоста“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *