И животните искажуваат љубов! Срцезатоплувачки фотографии покажуваат дека Валентин е секој ден за животните

Дури и кај нас стана модерно да се слави Денот на вљубените и многу млади и оваа година ќе си подаруваат цвеќе, срциња и мечиња, но за животните љубовта не се слави само еден ден. Тие ја искажуваат својата љубов кон партнерите и своите семејства на секој начин и секој ден и треба да учиме од нивниот пример. Симпатичните парови вклучуваат бувови во Беркшир, кенгури кои се бакнуваат во Западна Австралија и вљубените зебри во Масаи Мара во Кенија.

Според психологијата денес, не е познато дали животните можат да доживеат романтични врски, но има некои докази дека се способни да доживеат ист спектар на емоции како и луѓето. Додека моногамијата кај цицачите е прилично ретка, со само три до девет проценти, се смета дека околу 90% од птиците се моногамни.