Идентични сестри близначки родиле машки деца во ист ден и со идентична тежина

Колку пати сме слушнале дека идентичните близнаци имаат поинаква поврзаност од другите. Џил Јустинијани (30) и Ерин Чеплак (30) се идентични сестри близначки од Калифорнија кои ги родиле своите машки бебиња на ист ден со 5 часа разлика. Двете бебиња имале иста тежина и висина при раѓањето. И двете тежеле 7.3 килограми и биле високи 50.8 сантиметри.

Близначкте планирале да забременат во исто време, но не очекувале дека ќе се породат заедно. Џил била закажана за царски рез на 5-ти мај, а Ерин требала дури на 15-ти мај, но водењакот ѝ пукнал истиот ден кога бил закажан царскиот рез на нејзината сестра.

Тоа е само уште една навистина посебна работа за нашите синови – тие ќе имаат чувство на блискост што исто така ќе можат да се потпрат еден на друг како што се потпиравме јас и сестра ми“, рече Џил.
Ова е уште еден доказ дека врската помеѓу близнаците не наликува на било која, таа е моќна и уникатна.