Идна мајка од Вухан која е во 35-тата недела од бременоста целосно се опорави од коронавирусот

27-годишната медицинска сестра, позната по презимето Ху, вчера беше пуштена од болницата Леишеншан. Таа е прва бремена пациентка која се опорави во болницата наменета за коронавирусот. Г-ѓа Ху беше примена во болницата во Вухан, откако ѝ бил дијагностициран смртоносниот вирус на 9 март, кога била во 33-тата недела од бременоста.

„Ова е моја прва бременост. Навистина не мислев дека ќе бидам заразена со коронавирус.“, вели поранешната пациентка. „Се чувствував многу лошо. Бев навистина загрижена за моето бебе “, додаде таа. Лекарите користеле дополнителна заштита за да го намалат зрачењето кај бебето кога г-ѓа Ху вршела снимања во болницата.

Тие исто така правеле видео-консултации со гинеколози со цел да ја пратат пременоста на жената. Мајката рече дека медицинските работници се обидувале да ѝ го подобрат расположението така што постојано ја посетувале. „Мојата вознемиреност полека се намали.“, вели таа.

Нејзината состојба постепено се подобрува откако доби целосна нега и две недели анти-вирусен третман. „Навистина ме трогнаа медицинските лица и нивната посветеност. Тие се најдобри лекари што некогаш сум ги сретнала.“, додава таа. Таа е пренесена во одредена карантинска единица вчера по нејзиното закрепнување.