Идна мајка забележа дека неродениот син го имитира покојниот дедо во матката

Идна мајка додека била на ехо почнала да плаче од среќа кога ја видела положбата на својот син.

Саманта Стони (29) била шокирана кога забележала дека фетусот го имитира нејзиниот починат дедо со тоа што ги преплетувал прстите исто како што тој правел секој ден.

Фотографиите го прикажуваат нејзиниот покоен дедо Арнолд Спенсер (87), како седи со рацете потпрени под брадата, прстите меѓусебно поврзани, исто како што и нероденото бебе на Саманта направило во 4Д ехото.

Саманта вели дека била „многу блиска“ со Арнолд и порано го посетувала секој ден на разговор пред да почине во јануари 2017 година, па кога дознала дека е бремена со своето прво дете во јуни, знаела дека доколку бил жив Арнолд би бил пресреќен што ќе стане прадедо.

Саманта вели дека ситуацијата ја натерала да помисли дека нејзиниот дедо внимава и на двајцата од горе. Саманта, од Лејланд, Ланкашир, го опиша моментот како „неверојатно“ чувство, додавајќи: „Кога отидовме на 4Д скенирање на клиниката, помислив, ‘тоа е мојот дедо’. Тоа беше моментална реакција“.