Идна невеста си порачала венчаница и се изреволтирала кога ја пробала, но не е проблемот во фустанот

Секоја невеста сонува да изгледа совршено за време на денот на својата венчавка, па можете да го замислите бесот на оваа идна невеста откако ја одбила венчаницата која ја порачала на интернет и таа воопшто не ѝ стоела како на сликата.

Но, откако испратила лута порака до продавницата, американката прилично се засрамила. Идната невеста Декс Обри ја раскажа својата комична приказна на Фејсбук. „Ова не беше шега, посакувам да беше, но не сум толку креативна.“, вели Декс.

Бидејќи порала да работи во две смени и поради пандемијата Декс не можела да оди и директно самата да си побара венчаница, па затоа се одлучила да си порача онлајн.

„Немам претстава за модата или мерките за испорака на свечени фустани. Носам скафандер и чизми во мојата професија. Не, јас не сум природна русокоса, но одговара на оваа ситуација.“, се шегува идната невеста.

Откако ѝ пристигнал фустанот Декс го пробала и сфатила дека воопшто не изгледа како на фотографијата и изреволтирана пишала мејл до продавницата.

Но, од таму ѝ вратиле дека жената всушност го облекла невестинскиот фустан обратно. Фустанот бил така спакуван за да не се оштети, а Декс не обрнала внимание на тоа и мислела дека е измамена.