Иднината на љубовните состаноци е онлајн, а еве што велат истражувањата за кои луѓе имаат најголеми шанси да пронајдат партнер
Синооките жени им се најпривлечни на мажите на апликациите за состанување, додека мажите со костенливи очи добиваат најмногу внимание од жените, покажа новото истражување.
Истражувањето од британската компанија за леќи „Lenstore“, било спроведено со креирање профили за машки и женски личности на апликации за сотанување како „Bumble“, „Tinder“ и „Hinge“.

Бојата на очите на моделите чија фотографија била прикажана на профилот била дигитално модифицирана, при што истражувачите го мереле бројот на совпаѓања што ги добил секој. Сите други аспекти на нивниот профил останале исти.
Резултатите покажале дека мажите со потемни очи се најпривлечни за жените. Во меѓувреме мажите најмногу ги привлекувале жените со сини очи.
Експерти од Велика Британија објаснија зошто овие две бои се најпривлечни и навлегоа во науката што открива зошто луѓето преферираат одредена боја на очи.
Зошто жените претпочитаат потемни очи?

Гледајќи ја еволуцијата на боите на нашите очи, д-р Александар Лапа, рече дека историски, потемните очи биле попривлечни.
„Познато е дека нашите најрани предци потекнуваат од близина на екваторот во денешна централна Африка“. рече д-р Лапа.
„Да се биде толку блиску до екваторот значи дека изложеноста на УВ светлина е со висок интензитет. Постојана изложеност на штетни УВ зраци, според природната селекција, значи дека оние со повеќе меланин и, како резултат на тоа, потемна кожа и очи имаат поголема веројатност да живеат подолго. Со зголемување на шансите за преживување во зрелоста, се зголемува и веројатноста за размножување и пренесување на овие „супериорни гени“ на потомството“.
Зшто мажите претпочитаат сини очи?

За посветлите бои на очите тој рече: „Културните фактори често ја диктираат колективната свест за она што се смета за привлечно. Вообичаено, русата коса и сините очи биле високо ценети и често нагласени и портретирани во медиумите“.
„Иако сите имаме свои специфични преференци, честопати сме биле предмет на условување на она што се смета за општествено привлечно. Неодамнешниот пораст на популарноста на социјалните медиуми само го овековечи ова“.
Не` привлекува иста боја на очите како нашите родители.
„Некои минати студии сугерираат дека нè привлекуваат оние со слични физички особини на нашите родители“, рече експертот за с*кс и врски Нес Купер.
„Иако истражувањето за ова е сè уште ограничено, можеби ни се допаѓаат бои на очи кои не потсетуваат на нашите старетели кои сме ги имале како деца“.
Крис Плејнс, експерт за односи, се согласи: „Сите ние имаме одреден тип што нè привлекува. Обично нè привлекуваат луѓе кои се слични на нас, или оние кои не` потсетуваат на нашите сакани.
„Хормоните кои се одговорни за привлечноста се активираат кога другата личност е слична со луѓето кои ни значат“.
С*ексуалната тензија се открива преку очите.

Крис исто така тврди дека „очите се најекспресивната карактеристика на лицето“ и често се сметаат за привлечни бидејќи тие се начин да се забележи дали некој ве привлекува с*ксуално.
„Можете да препознаете дали некој е тажен, среќен, искрен или лаже преку нивните очи“, рече тој. „Ова е една од причините зошто имаат толку големо влијание кога станува збор за привлечноста.
