Иднината пристигна: Компанијата „Cyronics“ го ЗАМРЗНА својот прв клиент со надеж дека ќе го врати во живот во иднина

Компанијата „Cyronics“ го замрзнува својот прв клиент со надеж дека ќе го врати во живот во иднина Процесот – кој чини околу 170.000 американски долари – започна претходно овој месец.

Филип Роадс, од „Southern Cryonics“, објави дека компанијата успешно криогенски замрзнала маж од Сиднеј. Човекот починал во неговите 80-ти претходно овој месец.

 

 

 

„Беше многу стресно“, изјави Роудс за „ABC News“.
„Тоа беше она што ме држеше буден една недела бидејќи има голем број на различни процедури кои треба да се поминат за различни денови, а имаше и голем број ситуации во кои можеше да тргне наопаку доколку не се подготвевме правилно. Имаше неколку други луѓе за кои мислевме дека би можеле да бидат веројатни кандидати за да бидат први, но, како што се испостави, тоа беше некој што не беше постоен член. Неговото семејство се огласи и имавме околу една недела да се подготвиме и да се организираме“.

Човекот починал на 12 мај во болница во Сиднеј и процесот – кој чини околу 170.000 американски долари за замрзнување на неговото тело – започнал веднаш. Телото на мажот било префрлено во студената соба на болницата и спакувано во мраз, пред да биде префрлено во одделите на погребот на О’Харе каде експертите пумпале течност низ телото за да ги зачуваат клетките. Телото потоа било спакувано во сув мраз, намалувајќи ја температурата на минус 80 степени Целзиусови.

Откако телото на мажот пристигнало во установата во Саутерн Крионикс во Холбрук следниот ден, неговата температура била намалена дополнително на минус 200 степени Целзиусови пред да се стави во посебен резервоар кој делува како вакуумско складиште. Овој 10-часовен процес е за да се обезбеди шансата личноста да се врати во живот.

 

 

„Поминавме преку употреба на кукли за тестови и други работи за да ги направиме што е можно пореални за сите тестирања низ кои поминавме, така што сета таа основа се исплатеше“, додаде Роудс.

Многу луѓе се запрашаа каква е иднината ако се вратат во живот откако ќе бидат криогенски замрзнати. Во видеото на веб-страницата „Southern Cryonics“, тие објаснуваат: „За 50 до 100 години веруваме дека ќе имаме способност да го поставиме умот во виртуелен свет. Модерните случувања што се случуваат сега…ќе почнат да се остваруваат. За 250 години, веројатно е дека медицинската технологија ќе биде достапна за да го пренасочи вашиот ум кон здраво младо тело во реалниот свет доколку сакате. Ќе го имате целото знаење од минатото плус целото знаење за виртуелниот свет“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *