Игор пронашол повредена мала верверица и сега тие се најдобри пријатели

Ако не сте виделе доволно слатки слики денес од животни, еве нешто што се обложуваме дека не очекувавте: верверица како милениче! 28-годишниот Игор Гришин, кој живее во малиот град Кончезеро во Карелија, Русија, шетал во шумата кога ја открил верверицата која не може да оди, пред околу една година. Тој го однел бебето дома, каде што и до ден денес малото суштество по име Чипи сега живее.

Чипи прилично добро знае да се забавува, јаде овошје и ужива во домот на Игор, па дури и е цимер со мачор. „Тој секогаш прави да се смеам, оттргнувајќи ме од грижите на секојдневниот живот. Среќен сум што се запознавме.“, вели Игор. Тој дури и му направил посебна куќичка на Чипи, а го научил и неколку трикови.