Игри со алкохол кои можете виртуелно да ги играте со вашите пријатели за време на карантинот
Пред да „нурнеме“ во интересните игри треба да ве потсетиме дека треба да пиете одговорно и да не претерувате. Забавата е секогаш подобра кога се знае границата. Секако денес е тешко да седнете со пријателите и „здраво да се напиете“ но благодарение на социјалните мрежи, Скајп или Зум можете да се слушнете и да се видите со вашите најблиски на виртуелен начин. Па што ве спречува тогаш да се забавувате?
Еве неколку игри кои ќе ви ја зачинат досадната вечер. Сѐ што треба да направите е да ја вклучите камерата и да си го сипете омилениот пијалок.
Моќен час
Во ред ова е турбо игра со алкохол и не е за „аматери“. Единствената цел е да пиете пијалок по ваш избор секоја минута во текот на цел час (Повторно, бидете внимателни, пиење пиво цел час и пиење ракија цел час може да има различен ефект). Оваа игра е одлична за пред камера затоа што сите пријатели се одвојуваат од реалноста на еден час и разговараат и пијат.
Волшебнички стап
Ова е навистина едноставно. Секој избира конзервиран алкохолен пијалок, по своја желба. Оној кој има најдолг волшебнички стап на крајот е победникот. Се прашувате што е „волшебнички стап“ па тоа се празните лименки наредени една врз друга.
Најверојатно ќе …
За оваа игра можете и претходно да се подготвите. Треба да поставувате претпоставки за вашите пријатели и потоа сите да гласате за тие претпоставки. На пример Вие велите: Најверојатно ќе се разведе Петар. Сите гласате дали кај Петар веројатноста е најголема, доколку мнозинството се согласува Петар мора да пие.
Вистина или алкохол
Едноставно е колку што звучи. Наизменично си поставувате прашања на групниот видео разговор и доколку некој не сака да одговори на прашањето мора да пие.
Никогаш не сум …
За оваа игра сите треба да ги кренете своие 10 прсти и да почнете од еден член. Тој вели на пример: „Никогаш не сум бил со жена“, тогаш сите во видео разговорот кои „биле со жена“ треба да земат голтка од пијалокот и да спуштат еден прст. Поентата е да кажувате работи кои вие никогаш не сте ги направиле, но голема е веројатноста другите да ги направиле. Оној кој прв ќе ги спушти сите 10 прсти треба да се „казни“, на пример да испие неколку чашки на екс или пак кригла пиво.