Икона од Исус започнала да испушта чудотворно миро — верниците сведочат за исцелувања ширум светот

Евтина реплика на икона на Марија и Исус, купена за само 20 долари, предизвикува восхит и скепса во Хонолулу. Верниците тврдат дека од неа истекува свето миро и дека прави чуда, лекувајќи луѓе ширум светот.

Икона од Исус започнала да испушта чудотворно миро — верниците сведочат за исцеленија ширум светот

Оваа икона, некогаш заборавена во евтина продавница во Торонто, денес е изложена во Руската православна црква Света Богородица од Иверон во Хонолулу. Од неа тече миро – смолеста супстанца со библиско значење, позната уште од времето на мудреците од Истокот. Мирото се смета дека може да излекува хронични болки, слепило, па дури и рак.

Пред 15 години, свештеникот Нектариј Јангсон почнал да чувствува моќен мирис на миро – дома, во автомобилот, дури и на работа. “Во последната недела од септември почнав да забележувам неверојатно силен мирис на миро. Не можев да објаснам. Ниту јас, ниту моите најблиски не анектираме икони,” пишува тој во писмо до парохијата.

Откако свештеникот открил капка миро на левото колено на малото дете Исус на иконата, случајот експлодира меѓу верниците. Свештеникот фотографирал се’, а наредната недела членовите на парохијата собирале миро како да е свето благо. “Некои денови се сосема суви, а пак други се покриени со миро. Во секое време се шири силен мирис на рози. Навистина е големо чудо! Понекогаш се прашувам – дали ова е предупредување?” сведочи отец Нектариј.

Во 2008 година, Руската православна црква ја признава вистинитоста на ова чудо и му дозволува на отец Нектариј да ја носи иконата низ Америка, Европа и пошироко. Досега посетиле повеќе од 100 цркви, а милиони верници веруваат во исцелителната моќ на мирото.

 

  • Muhamed напиша:

    Isus e palestinec i musliman

  • Жарко Г. напиша:

    Ај бе доста со глупости за мали деца.
    Ова се само добро смислени комерцијални трикови на поповите и црквата за да берат повеќе пари за поскапи џипови.
    Арам да му се парите.

  • vorbelutr ioperbir напиша:

    of course like your website however you have to take a look at the spelling on several of your posts. Several of them are rife with spelling problems and I find it very troublesome to inform the truth nevertheless I¦ll surely come back again.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *