Илјадници луѓе споделија фотографија од „бебе клунар“, но не треба да се верува на сѐ што ќе се види на интернет

Од неодамна на Твитер луѓето почнаа да споделуваат фотографија од „бебе клунар“ велејќи дека е најслаткото нешто што го виделе во животот и навистина изгледа така.

На многу луѓе им се допадна оваа фотографија и голем дел од нив оставија позитивни коментари. Но, има еден „мал“ проблем. Ова е камен.

Всушност не станува збор за животно, туку за уметничко дело. Статуата е направена од уметникот Владимир Матиќ Куриљов. Тој вели дека кога ја прикажал фотографијата таа си имала опис, но очигледно луѓето го прочитале само насловот и помислиле дека станува збор за вистинско младенче од клунар.

Многу луѓе од срам почнале да ги бришат објавите и најверојатно нареден пат подобро ќе прочитаат за она што го објавуваат. Инаку, еве како изгледа вистинско „бебе клунар“: