Илјадници суштества со необична форма се појавија на плажа во Калифорнија

Дрејк Бич, Калифорнија од песочна плажа се претвори во многу морничаво место. Локалните жители биле шокирано откако сфатиле дека на плажата има илјадници суштества кои изгледаат како машки полов орган.

Официјалното име за интересното суштество е Urechis unicinctus, еден вид на морски црв, кој живее под песокот во морето.

Биологот Иван Пар го забележал морето од овие црви откако невреме ја опфатило областа. Црвот со „интересен изглед“ е всушност деликатес во Кореја и Јапонија и за да биде уште полошо тој таму најчесто се јаде суров, само со сол или масло од сусам или пак некој сос.

Шлаг на тортата е дека деликатесот е познат како „hoe“.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.