Илија бил малтретиран на училиште затоа што бил слаб и сиромашен, но повеќе никој не му се смее

Илија Циков се преселил од Бугарија во Велика Британија кога бил дете и кога пристигнал таму воопшто немал самодоверба.

22-годишното момче како тинејџер постојано било задевано и малтретирано од неговите врсници затоа што било премногу слабо и го продавало својот ручек за да заштеди пари за семејството.

Илија се преселил со семејството од Бугарија во Англија кога имал 12 години, но неговотк семејство се мачило да сврзе крај со крај и тој секој ден го продавал својот сендвич на училиште и парите ги чувал во кутија под креветот во случај да им затребаат на домашните.

„Јас ги чував сите мои пари во кутија за чевли под креветот со мислите дека еден ден можеби ќе ми требаат, бидејќи видов како семејството се бори кога се преселивме во Велика Британија“, објаснува Илија. Тој секој ден доаѓал дома со околу 5 фунти.

Поради овој несебичен чин, Илија јадел најмногу 2 пати на ден и бил прилично слаб. Тој поради ниската самодоверба се изолирал во својата соба и играл игрички постојано. На крајот, неговите родители дознале што прави и наместо да се налутат парите што ги собирал му ги ставиле на сметка.

Откако донел одлука да го смени изгледот, Илија првин почнал да вежба на отворено на 16 години и потоа почнал и псериозно да ги сфаќа работите и неговото тело почнало да се транформира.

Денес тој конечно е задоволен од своето тело има скоро 40.000 следбеници на социјалните мрежи и работи како фитнес-модел. 22-годишникот сега тренира меѓу пет и шест пати неделно. Илија се надева дека ќе ги искористи своите онлајн платформи за да ги инспирира другите да започнат со сопствените фитнес патувања – без оглед какви се нивните околности – и да има позитивно влијание на кој било можен начин.