Илјада станови и 26 домари: Бетонски крофни во кои Русите тешко го наоѓаат влезот

Во раните 1970-ти, руските архитекти Евгениј Стамо и инженерот Александар Маркелов смислиле необичен дизајн за станбена зграда во Москва.

Зградата ќе има форма на прстен, а во внатрешноста ќе има огромен внатрешен двор со игралишта и зеленило кое ќе се протега до 150 метри ширина.

Тоа беше имагинативна игра со типични социјалистички бетонски блокови додека никнуваа во периодот по Втората светска војна низ Источна Европа.

Кога зградата била завршена во 1972 година, властите биле толку импресионирани што решиле да ги изградат нејзините „сестри“ низ Москва. Се наближуваа Летните олимписки игри, па изградбата на пет такви згради би се совпаднала со симболот на Игрите.

Овој руски мамут содржи речиси илјада станови на девет ката, дваесет и шест влезови, продавници, аптеки, фризери, кројачи, градинка, библиотека, пошта…

Предноста е што во паркот внатре во зградата жителите се чувствуваат како да се далеку од бучниот град и заштитени со дебели ѕидови во зеленилото. Од друга страна, бучавата од паркот може да биде гласна за жителите на зградата. Исто така, становите се со трапезоидна форма, што може да биде предизвик при поставување на мебел.

Но, кога третата ваква зграда беше подигната во 1979 година, Советскиот Сојуз падна во економска криза. Зградите чинат пари, па плановите за понатамошна изградба беа одложени.

Друг пригоден изговор за прекин на работите беше тоа што зградите беа „расфрлени“ низ градот, така што симболиката на Олимписките игри воопшто не беше видлива. Жителите и онака веќе ги нарекоа „згради – крофни“. Не е тешко да се погоди зошто…