Илјадници „пијани“ риби умреа по неочекувана несреќа во винарија

Вино направено од ориз истече во езерото лоцирано во градот Шаоксинг во провинцијата Жеџијанг, Kина, на 25 ноември.

Рибите во езерото Џијан се издигнаа на површината, a локалното население вели дека рибите изгледале „пијано“ како резултат на излевањето на виното.


Извештаите велат дека виното од ориз влегло во езерото како резултат на пожарот во блиската винарија.

Рибите кои биле погодени од истекувањето се видови како златна рипка и сом, меѓу многу други.

Мртвите риби, исто така, доведоа до наплив на рибари кои дојдоа до езерото за да ги отстранат.

Езерото треба да се исчисти откако сите риби ќе излезат на површината.