Илон Маск: Американците се мрзи, а Кинезите работат макотрпно сѐ до последната капка пот и тоа ќе има последици

Извршниот директор на Тесла, кој еднаш спиеше на подот во неговата фабрика во Фремонт за време на производството на автомобилот Модел 3 на компанијата, рече дека Американците „бараат начин како да не одат на работа“, за разлика од нивните кинески колеги. „Сметам дека ќе има неколку многу силни компании од Кина“ – изјави тој во интервјуто за Фајненшл Тајмс. Истотака рече: „Во Кина има супер талентирани и многу вредни луѓе кои силно веруваат во производството“.

Минатиот месец во Гигафабриката на Тесла во Шангај, персоналот беше принуден да спие на работа кога беше повторно стартувано производството после тринеделното исклучување. Работниците добија вреќа за спиење и душек, а истотака им беше обезбедена и храна, но под услов да работат 12 часа дневно, со еден слободен ден на секои шест дена. Пред овој нововоспоставен затворен систем на работа, работниците работеле во 8 часовни смени со 4 дена работа и 2 дена одмор.

Пред заклучувањето на Шангај на 28 март, поради корона вирусот, Гигафабрика произведуваше 2.000 автомобили дневно и дури половина од возилата што беа испорачани низ целиот свет минатата година.

Маск доби репутација на работохолик. Во 2018 година, вработените во Тесла изјавија за Бизнис Инсајдер дека често го гледаат нивниот шеф како спие, додека е свиткан под маси, бироа, па дури и на подот во фабриката. Тој вели дека работи многу, а спие само по 6 часа и тоа му е сосема доволно, за да може остатокот да го посвети на своите бизниси кои вредат милијарди долари. Маск призна дека поради неговиот луд распоред на работа му „изгореле еден куп неврони“. Во 2018 година за Аксиос изјавил „Никој не треба да вложи толку многу часови во работа.“, додаде: „Тоа не се препорачува никому бидејќи ќе полудиш.“

Вчера беше откриено дека купувањето на Илон Маск на најголемиот удел во акциите на Твитер, го истражуваат американските регулатори, откако Маск го одложи купувањето. Ова доаѓа во време кога постојат разноразни шпекулации и претпоставки што би се случило кога Маск ќе ја превземе апсолутната власт со Твитер. Првобитната намера, во Февруари, му беше да купи 9,2 отсто од акциите. Но, за таа цел мораше да поднесе документ, бидејќи ги надминува законски дозволените 5 отсто. Маск не го поднесе тој документ во предвидениот рок, разгорувајќи ја неизвесноста. Но откако го поднесе докажа дека нема намера да го превземе или да влијае врз управувањето на компанијата, па така се разјаснија некои дилеми. Следниот ден, му беше понудена позиција во одборот на Твитер. Неколку недели подоцна, најбогатиот човек на светот склучи договор од 44 милијарди долари за купување на гигантот на социјалните мрежи.

Во Април, медиумот Информациja објавија дека Федералната трговска комисија истражува дали Маск го прекршил законот со кој се бара од компаниите и луѓето да пријават одредени големи трансакции до агенциите за заштита на конкуренцијата.

Џек Дорси, кој се повлече од функцијата извршен директор во Ноември, беше заменет со Параг Агравал, кој во голема мера ги поддржуваше потезите на Маск и се консултираше со него околу компанијата, па дури неодамна потврди дека тој и Маск разговарале дека е вистинска работа да го вратат Доналд Трамп на Твитер.