Илон Маск ги откри новите планови на SpaceX, по напуштањето на Белата Куќа: Патот кон независна Марсова цивилизација започнува
По заминувањето од Белата куќа и прекинот на соработката со претседателот Доналд Трамп, Илон Маск објави амбициозни нови планови за SpaceX и иднината на човештвото надвор од Земјата. На настан одржан во четврток, Маск претстави визија за колонизација на Марс, планирајќи прва пилотирана мисија со Starship во 2026 година – со роботот Tesla Optimus на бродот.
Според Маск, ако првите мисии бидат успешни, човечкиот екипаж ќе биде испратен во 2028 година, со фокус на поставување и тестирање инфраструктура на површината на Марс. Следната генерација Starship ќе има девет мотори, подобрени термички штитови и зголемен капацитет за товар.
Планови за во блиска иднина
Во Тексас и Флорида се градат две гигантски постројки – „Gigabays“ – каде ракетите Starship и Super Heavy ќе се составуваат и подготвуваат за лансирање. Маск објасни дека планира годишно производство од 1.000 Starship ракети, со цел да се овозможи патување за милиони луѓе кон Марс. Секој Starship ќе биде поголем од авионите Boeing 747 или Airbus A380.
Дополнително, SpaceX ќе ја зголеми и продукцијата на Starlink сателити на околу 5.000 годишно, дел наменети за Марс. Маск нагласи дека клучна цел е да се испрати доволно опрема и ресурси за Марс да стане самooдржлив и независен од Земјата – дури и ако снабдувањето од Земјата некогаш престане.
Долгорочна иднина за човештвото
Местото за слетување најверојатно ќе биде Arcadia Planitia – поради близината до мраз (вода), рамниот терен и пристапноста. Првата мисија би стигнала во 2027 година, а првиот човечки лет би се случил во 2029 година. Маск рече дека прво ќе слетаат две мисии со Optimus, а дури потоа – човечки екипаж.
За да се постигне самостојна колонија, според него, ќе бидат потребни од 1.000 до 2.000 летала по секој транспортен прозорец, носејќи над милион тони товар. Тој верува дека човештвото мора да стане мултипланетарна цивилизација за да обезбеди своја долгорочна иднина.
„Ова е можност за Марсовците да размислат како сакаат да ја изградат својата цивилизација“, рече Маск. „Можат да создадат нови правила, нови форми на владеење – тоа ќе биде нивна слобода.“
Коментирај анонимно