Илон Маск ги откри трите најголеми закани за човештвото
Сопственикот на Tesla и SpaceX, Илон Маск, откри три егзистенцијални закани за човештвото во едно неодамнешно интервју, наведувајќи ги неговите најголеми стравови за иднината.
Во разговор со Матијас Допфнер, извршниот директор на Аксел Спрингер, најбогатиот човек на светот беше искрен во својата проценка за најтешките проблеми со кои се соочува планетата во моментов.
Трите закани што ги идентификуваше пред сите други беа: религиозен екстремизам, опаѓање на наталитетот и „вештачка интелигенција која тргнува наопаку“, како што пишува Business Insider.
Падот на наталитетот низ западниот свет беше означен од Маск неколку пати претходно. „Поминав многу време зборувајќи за наталитетот“, рече Маск. „Тоа можеби е единствената најголема закана за иднината на човечката цивилизација“.
Долготрајниот пад на бројот на наталитетот, исто така, се чини дека беше надополнет во 2020 година со пандемијата – што доведе до таканаречен „бејби бум“. Ставовите на Јужноафриканецот за вештачката интелигенција (ВИ) и можноста технологијата да излезе од контрола, се исто така добро документирани.
„Бидејќи вештачката интелигенција станува веројатно многу попаметна од луѓето, односот на релативната интелигенција е веројатно сличен на оној меѓу личност и мачка, можеби и поголем“, изјави Маск уште во 2017 година, преку Vox. „Мислам дека треба да бидеме многу внимателни за напредокот на вештачката интелигенција“.
Меѓутоа, во нешто што се чини дека е директна контрадикторност, Маск исто така френетично работи на „Neuralink“, софистицирана компанија предводена од вештачка интелигенција која има намера да развие интерфејси за имплантирање на мозок-машина.
50-годишникот неодамна тврдеше дека технологијата може да им овозможи на парализираните луѓе повторно да одат, а клиничките испитувања ќе започнат подоцна оваа година.
За време на разговорот на Маск со Допфнер, се појави и темата за неговата сопствена смртност, што предизвика прилично филозофски одговор од деловниот магнат.
Искажувајќи желба да го одржува здравјето на подолг временски период, тој признал дека не се плаши од смртта. „Не се плашам од умирање. Мислам дека тоа би дошло како олеснување“, тврди тој, додавајќи дека би сакал да живее доволно долго за да го види својот проект SpaceX целосно реализиран.
„Мислам дека не треба да се трудиме луѓето да живеат навистина долго“, рече Маск. „Дека тоа би предизвикало задушување на општеството.“
Овој став го става Маск во судир со неколку милијардери од висок профил, кои дрошат огромни пари за да ја пронајдат „фонтаната на младоста“ и методи кои би можеле да помогнат да се запре процесот на природно стареење.