Илон Маск ѝ платил 250.000 долари на стјуардеса од Спејс Икс за да ја повлече тужбата против него за се*суално вознемирување
Технолошкиот магнат Илон Маск се соочува со обвинение за се*суално вознемирување од страна на една стјуардеса, вработена во Спејс Икс, која тврди дека Илон Маск ѝ покажал што нуди, ѝ понудил луксузни подароци и да ѝ купи коњ во замена за масажа од поинаков тип.
Кога го пријавила случајот, наводно ѝ биле понудени 250.000 долари за да ги повлече обвинувањата. Илон Маск пак, ги негира овие обвинувња, и според него во целата таа приказна се крие нешто многу повеќе, кое има политичка позадина. Пријател на неименуваната стјуардеса тврди дека магнатот ја повикал во собата за масажа на споменатиот лет. И кога пристигнала, тој наводно бил во несоодветна состојба, целосно гол освен чаршаф кој ја покривал долната половина од неговото тело. Потоа се разоткрил и веднаш почнал да ја допира стјуардесата. Кога го одбила, тој почнал да ѝ нуди скапи подароци, дури и коњ, затоа што знаел дека јавањето ѝ е хоби и продолжувал во својата намера.
После тој лет, стјуардесата била видно потресена и многу вознемирена. Се трудела да се преправа како ништо да не се случило, но секој пат кога ќе го видела, многу се вознемирувала. Таа со својот адвокат поднеле тужба против Илон Маск, во 2018 година, и изјавила дека била казнета и туркана бидејќи не сакала да се проституира. Настанот се случил на лет кон крајот на 2016 година.На закажаното рочиште дошол и технолошкиопт магнат со својот адвокат, со надеж дека брзо ќе се заврши спорот. За да си ја зачува репутацијата, ѝ понудил 250.000 долари за да ја повлече тужбата. Во таа насока стјуардесата изјавила „Ти навистина стануваш дел од таа машина што му дозволуваш на некој како Илон Маск да продолжи да ги прави ужасните работи што ги направил. Кога ќе одберете да молчите, да, станувате дел од тој систем“. Додека пак Маск рекол „Ако бев склон да се впуштам во сексуално вознемирување, ова веројатно немаше да биде прв пат во целата моја 30-годишна кариера кое би излегло на виделина“.
Она што ја интригира јавноста е дека овие обвинувања доаѓаат баш во период кога Илон Маск е најактуелен, конкретно, со купувањето на гигантот меѓу социјалните мрежи, Твитер.