Илон Маск „користи дрога на забави“, па неговото однесување ги загрижува членовите на одборите на неговите компании
Светецот и оној за кој многумина веруваат дека Америка го спрема за нов светски лидер, Илон Маск, изгледа и не е баш толку голем светец.
Маск беше виден јавно како користи марихуана со подкастерот Џо Роган во септември 2018 година.
Употребата на дрога на Илон Маск ги загрижува директорите и членовите на одборите во бизнисите што тој ги води, објави Волстрит журнал. Во извештајот се цитираат нивни извори кои имаат право да не ги објават, инаку луѓе запознаени со милијардерот и компаниите кои ги води. Изворите на Волстрит журнал велат дека употребата на дрога на Илон Маск е континуирана и дека тој консумира кетамин. Илон Маск во август минатата година изјави дека има рецепт за употреба на лекот како антидепресив.
Илон Маск често на приватни забави користел ЛСД, кокаин, екстази и психоделични печурки, се тврди во извештајот. Адвокатот на милијардерот изјави за весникот дека неговиот клиент „редовно и по случаен избор се тестира за дрога во SpaceX и никогаш не паднал на тест“, а за написоит вели дека се состои од „лажните факти“.
Илон Маск беше виден како јавно користи марихуана со подкастерот Џо Роган во септември 2018 година, што резултираше Пентагон да го разгледа федералниот безбедносен сертификат поврзан со неговата улога како извршен директор на Space Exploration Technologies Corp.
На написот, Илон Маск одговори на Твитер: „По едно пушење со Роган, се согласив, на барање на НАСА, 3 години да правам случајно тестирање на дрога. Не се пронајдени ниту траги од дрога или алкохол“.
Во извештајот се тврди дека Линда Џонсон Рајс, која стана директорка на Тесла во 2017 година, не сакала да ја реизберат поради фрустрација од однесувањето на Илон Маск и неговата употреба на дрога.
Илон Маск надгледува шест компании: Tesla, SpaceX, X(Twitter), The Boring Co., компанијата за мозочни импланти Neuralink и стартапот со вештачка интелигенција xAI.





Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно