Илон Маск на „апарати“: Погледнете како изгледа „Tesla Model T“, чудовиште на гасеници, изработено од аматери

Неколку Јутјубери со необична визија одлучија обичен Tesla Model 3 да се трансформира во масивен електричен тенк тежок шест тони.

Германскиот тим од YouTube каналот The Real Life Guys се познати по некои диви креации како подморница со када и неверојатни теренски инвалидски колички. Нивниот последен проект беше финансиран од Autohero, онлајн пазар за половни автомобили.

Според нив, изработката се одвивала дење и ноќе четири недели, од кои повеќето биле фокусирани на градење на самите гасеници – од почеток. Креаторите ја тестирале првата гасеница така што ја повлекувале зад друго возило, па дури и трчале по неа додека возеле. Потоа направиле уште една гасеница, ги поврзале и двете и одозгора ја поставиле „тројката“ на Тесла.

Ако постои еден начин да се направи Тесла екстра кул, тоа се гасеници од 1,3 тони, пишува The Drive. Таквата конструкција едноставно го претвора обичното EV во чудовиште кое може да се движи насекаде. Германските генијалци не го наведоа ценовникот за проектот, но секако не е евтин проект, па не треба да се очекува да стане мејнстрим.

Во приложеното видео подолу, погледнете како се одвивала трансформацијата на моделот 3 на Тесла во модел Т на Тесла, како што се нарекува сега, јасно посочувајќи го тоа на новата регистарска табличка.