Илон Маск објави резултати од тест за дроги по обвинувањата дека зависност му ја уништи шансата за влез во Белата куќа

Илон Маск, основачот на Tesla и SpaceX, објави резултати од лабораториски тест за дроги откако се појавија обвинувања дека бил зависник од кетамин и други психоактивни супстанци во времето кога се разгледувала неговата улога во администрацијата на Доналд Трамп.
Маск на својата платформа X (поранешен Twitter) објави фотографија од резултатите со краток коментар: „lol“. Тестот, спроведен на 11 јуни во лабораторијата Fastest Labs во Јужен Остин, Тексас, покажува дека Маск бил негативен на 22 различни супстанци, вклучително бензодиазепини, амфетамини, екстази, кокаин, кетамин, опијати, канабис и фентанил.

 

Илон Маск објави резултати од тест за дроги по обвинувањата дека зависност му ја уништи шансата за влез во Белата куќа

Тестот е негативен – но трае кратко време

Иако резултатите се негативни, експертите предупредуваат дека тестовите со урина можат да детектираат дроги само во рок од 1 до 7 дена по нивното користење. Тоа значи дека можно е Маск да прекинал со употреба неколку дена пред тестирањето, без тоа да значи отсуство на историја на употреба.
Покрај тоа, се спомнува дека постојат други методи како анализа на коса, која може да открие траги од дроги дури шест месеци наназад. Засега не е познато дали Маск направил и таков тип тест.
Претходно, Маск имаше признано дека земал прописан кетамин за лекување на депресија, но тврди дека одамна престанал да го користи. На X напиша: „Кетаминот ми помогна да излезам од темни психички дупки, но не сум го земал одамна.“

 

Тестот е негативен – но трае кратко време

Маск во директна конфронтација со „Њујорк Тајмс“

Контроверзиите се појавија по објавата на истражувачки текст од The New York Times, во кој се тврди дека Маск редовно користел кетамин, екстази, псилоцибински печурки, и земал дневна доза од околу 20 различни лекови. Наводно, употребата на кетамин веќе почнала да му влијае на бешиката, предизвикувајќи болки и проблеми со контрола на мокрењето.
Маск остро ги негираше обвинувањата и ја обвини редакцијата за лажење, велејќи дека нивниот напис не е заснован на вистинити информации. Како реакција на неговото објавување на резултатите, портпарол на Њујорк Тајмс изјави:
„Илон Маск продолжува да напаѓа затоа што не му се допаѓа нашето известување. Ништо од она што го кажал или објавил откако излезе нашиот текст не ги побива фактите што ги откривме. Стоиме зад нашето новинарство.“
Дополнително, Маск се најде во фокус и поради семејни тензии, вклучувајќи ги неговите сложени романтични односи и здравствените проблеми на неговиот татко, кој боледува од рак на простата.

 

Маск во директна конфронтација со „Њујорк Тајмс“

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *