Илон Маск презема радикален чекор со цел да докаже дека е сериозен за колонизирање на Марс

Илон Маск, кој неодамна ја освои титулата најбогата личност во светот продолжува да нѐ изненадува сите со своите брзи и по малку страшни одлуки. Тој е прилично сериозен за посетата и животот на Марс и одлучи да го докаже тоа на радикален начин.

Маск објави планови за продажба на целиот свој имот, за луѓето да знаат дека е сериозен за колонизација на Марс. Техничкиот гуру планира да потроши голем дел од неговата нето вредност од 188 милијарди долари за започнување колонија на Црвената планета, со исклучок на она што е врзано за вредноста на акциите.

Маск вели дека планира да ги продаде скоро сите свои материјални добра што имаат парична вредност, додавајќи дека тој нема да поседува куќа, откако веќе продал неколку домови што биле во неговото портфолио на недвижнини.

„Всушност, јас во основа нема да имам скоро никакви имоти со парична вредност, освен акциите во компаниите“, изјавил тој. „Ако работите се интензивни на работа, сакам да спијам само во фабрика или во канцеларија. И очигледно ми треба место ако моите деца се таму. Така, само ќе изнајмам место или нешто слично.“, додава Маск.

Маск е прилично опседнат со колонизација на Марс и не веруваме дека ќе се откаже од својот план: „Мислам дека е важно човештвото да стане вселенска цивилизација и мултипланетски вид. И ќе бидат потребни многу ресурси за да се изгради град на Марс.“

Маск претходно објави дека планира да испрати еден милион луѓе на Црвената планета до 2050 година и има за цел да направи 1.000 вселенски бродови за да ги однесе таму.