Илон Маск стана татко по 6-ти пат, а неговата 16 години помлада девојка вели дека детето само ќе го избере полот

Главниот извршен директор на Тесла објави на Твитер: „Мајката и бебето се добро“. 48-годишниот Илон Маск стана татко по 6-ти пат и повторно доби син.

Ова му е прво дете со неговата 16-години помлада девојка, канадската пејачка Гримс, односно Клер Боучер. Тој веќе има 5 сина со неговата поранешна сопруга Џастин.

Парот кој е во врска веќе две години ја најави бременоста во јануари откако Гримс објави фотографија од трудничкото стомаче.

Очигледно Маск не е мистериозен кога станува збор за неговиот нов син, кој е воедно и прво дете на неговата девојка, бидејчи со задовоство им одговараше на сите коментари од луѓето на Твитер.

Тој на прашањето дали е машко или женско одговори со „момче“ и покрај тоа што Гримс претходно дала изјава дека додека детето да порасне ќе му се обраќаат со „тие“.

„Не сакам да кажам полот на бебето … затоа што сметам дека нивната приватност треба да биде заштитена. Не мислам дека можат да се согласат да бидат славни или да бидат во јавност. И не сакам да го одредам полот, во случај да не е така како тие се чувствуваат во нивниот живот. Не знам, се чувствувам како да не треба да се знае.“, изјавила тогаш идната мајка.

Кога го прашале како ќе се вика бебето Маск напишал: „X Æ A-12 Musk“ сепак, името се чини дека е инспирирано од една од песните од последниот албум на Гримс, 4ÆM. Во февруари, канадската пејачка рече дека има име, но решила да не кажува на никого, бидејќи е премногу „авангарда“.

Гримс инсистира на тоа дека не знаела во што се впушта кога ја започнала врската со познатиот бизнисмен. Убавата вест доаѓа по чудното однесување на Маск на социјалните мрежи објавата дека ќе го продава целиот свој имот и драстичното намалување на акциите на Тесла.