Илон Маск: За 3 МЕСЕЦИ ќе биде готов хуманоидниот робот со вештачка интелигенција, кој ќе ги замени обичните работници во фабриките и ќе може да крева тежина од 70 килограми

Автомобилската компанија на Илон Маск, „Тесла“, ќе го претстави својот хуманоиден робот со вештачка интелигенција наречен „Оптимус“ за само три месеци.

Говорејќи на Катарскиот економски форум во вторникот, Маск рече дека прототипот на роботот ќе биде прикажан на „Денот на вештачката интелигенција“ на Тесла на 30 септември.

„Оптимус“, кој првпат беше објавен во август минатата година, ќе биде висок речиси шест метри, ќе може да оди со 8 километри на час и да крева 70  килограми.

Ќе биде дизајниран да се справува со „опасни и здодевни“ задачи во фабрика и други места, иако ќе биде „пријателски“ и ќе биде „многу добар придружник“, како домашно милениче.

Треба да може да се справи со низа работи – од прицврстување завртки на автомобили со клуч, до подигање на намирници во продавници.

Претходно објавените рендери сугерираат дека може многу да личи на роботите „NS5“ во американскиот научно-фантастичен акционен филм „Јас, робот“ од 2004 година.

„Се надевам дека ќе имаме интересен прототип да им покажеме на луѓето“, рече Маск, зборувајќи со британскиот новинар Џон Миклетвејт од врската во живо на форумот што се одржува во Доха.

„Имаме многу талентиран тим во „Тесла“ со кој тесно соработувам за да имаме прототип на хуманоиден робот подготвен до крајот на септември. И мислам дека стигнуваме до таа точка“.

Во „Тесла ботот“ ќе има вградено Autopilot, што се користи во електричните автомобили на компанијата, што ќе му овозможи на хуманоидот да препознава објекти од реалниот свет, иако роботот ќе има свои прилагодени сензори. Камерите за автопилот ќе бидат поставени во предниот дел на главата на ботот, а неговата внатрешна работа ќе се напојува од компјутер за целосно самостојно возење.

Тој истакна дека „Оптимус“ би можел да го реши глобалниот недостиг на работна сила. Но и дека истовремено може да стане пријател на човекот за секојдневна употреба по дома.

„За разлика од роботите убијци, ботот Тесла може да биде совладан од просечен човек“. – изјави тој

Иако претходно во 2014 го предупреди светот дека роботите би можеле да не убијат сите за пет години. И дека вештачката интелигенција е „најголемиот ризик со кој се соочуваме како цивилизација“.

Сепак ни наговести дека ова не е се. Рече дека ќе бидат откриени „други возбудливи работи“ на Денот на вештачката интелигенција, без да даде дополнителни детали.