Илустраторка од Црна Гора покажува кои „Топ 5 дестинации треба да ги посетиме пред 30-тата година“ и сосема има смисла

Андријана Весовиќ или позната на социјалните мрежи како „Зомбијана Боунс“ е родена на 31 декември 1991 година во Подгорица, Црна Гора. Таа не размислувала да биде уметник, туку желба ѝ била еден ден да стане новинар. И покрај оваа нејзина желба таа сепак се свртела кон цртање и креирање необични, но поучни и корисни илустрации. Зомбијана дипломирала на Факултетот за визуелните уметности и ја користи својата желба за креативно пишување за да пренесе интересни пораки.

Таа препорачува „Топ 5 дестинации треба да ги посетиме пред 30-тата година“ и интересно е што можеме да почнеме со „патувањето“ и од денес.

Патувањата се одлични, особено кога си младо човечко суштество подготвено за акција.

Островот „Психотерапија“ и „Хотелот Ментално здравје“ се вистинските работи за кои треба да се грижиме во животот!

Во државата „Здрава исхрана“ сите градови се убави

Кауч и маратонот со серии не се места на кои треба многу да се задржуваме, но затоа „полуостровот Теретана“… е добра опција

Важна дестинација се и хормоните, како и секое „патување“ кое има врска со вашето здравје.

Од островот „Одговорност“ ќе донесете сувенири кои ќе им бидат од полза на сите околу вас.

Убаво е да се биде млад, но треба на време да го цениме овој подарок…

Малку е стресно кога одеднаш ќе станеме возрасни и сите обврски, па дури и „најсекојдневните“ ќе ни паднат на раменици.

„Колку порано почнеш да се грижиш за себе, толку подобро, затоа што ти и ти сте заедно до крајот на животот и затоа е важно добро да се согласувате и да бидете здрави.“