Илустраторка покажува што ги прави луѓето среќни за време на карантин
„Сакам да ги истакнам малку среќните и позитивни моменти во секојдневниот живот на луѓето во овие чудни и тешки периоди.“, вели илустраторката Ариела Аболафио. Таа ги прашува своите следбеници што ги прави среќни за време на карантинот, а потоа ги илустрира истите ситуации.
Проектот е наречен #Joinside затоа што сè уште можеме да најдеме радост кога остануваме дома и сме одговорни, но и затоа што ги здружуваме силите (скоро цел свет се однесува вака) и заедно ќе излеземе посилни од сето ова. Ариела вели дека таа ќе знае дека „мисијата ѝ е успешна“ ако успее да предизвика барем една насмевка на лицата на луѓето.
Експериментирање во кујната
Појадок и книга
Танцување со мајка ми
Изработка на накит и ручек
Реорганизирање на книгите
Прошетки во паркот
Уметност и рачна изработка
Пукање на старите балони
Јавување на баба ми преку видео повик
Вежбање и читање
Работа и фрлање поглед кон партнерот
Прошетка до брегот со кучето