Илузионист прави реалистични портрети кои се играат со човековиот ум

Серџи Каденас е шпански самоук уметник и еден од водечките светски оптички илузионисти. Неговите дела се изложено во многу уметнички галерии и се во сопственост на голем број колекционери на уметност од целиот свет. Уметникот стана вирален откако објави на Инстаграм серија видеа од неговите 3D портрети од големи размери. Каденас често користи луѓе блиски до него и славни личности како модели за неговите портрети. Неговите портрети се значајни по тоа што ја менуваат нивната содржина при промена на перспективата. Така, на пример, лице прикажано на платно може да се смени во постара верзија на себе, или една славна личност да се претвори во друга. Уметноста на Каденас истражува теми за двојност, раса и емоции. И подолу можете да ги испробате волшебните ефекти на овие слики!