Има и вакви! Маж излажал дека има коронавирус само за да не оди на работа и да ја затворат фирмата

Човек предизвикал да се затвори неговата фирма и колегите да кренат паника, откако на својот претпоставен му однел лажен документ наводно потпишан од лекар на кој стои дека е заразен со опасниот коронавирус.

Џефри Тревис Лонг од Јужна Каролина му го предал документот на својот шеф по што тој веднаш ги затворил канцелариите и извршил дезинфекција на целиот објект.

31-годишникот работел во Корпорејшнл Сител – центар за повици во округот Спартанбург. Но, откако претпоставените сакале да пријават дека еден од нивните вработени го има вирусот влеастите им кажале дека немаат регистрирано такво лице. Тие потоа се обратиле и во болницата каде што наводно бил дијагностициран Џефри и од таму им го кажале истото.

Џефри освен што ја направил измамата на своето работно место со истиот документ отишол и во училиштето на своите деца, каде што исто така предизвикал паника помеѓу учениците родителите и наставниците. Џефри освен што е секако отпуштен, исто така е и приведен од страна на полицијата.

Во лажното писмо стоело ова:

Почитуван г-дин Лонг,

Пишувам на ваше барање за да дадам белешка за вашата работа во врска со деновите кои ќе бидете отсутни.

Вие сте забележани во Примарната здравствена заштита 1 овде на CGVAMC на 03/12/2020 со позитивен тест за вирусот COVID-19. Може да се вратите на работа на 03/27/2020 по повторното тестирање на 3/27/2020.

Ве молиме, известете не дали треба нешто повеќе.