Има ли кандидати за бесплатно возење со Lightyear One, електричниот автомобил со соларни панели?

Во ред, не е потполно бесплатен затоа што првите 150 примероци од автомобилот се распродадоа по цена од 150.000 евра и наскоро ќе се испорачаат. Автомобилот има два новитети кои го прават револуционерен и конкурентен на пазарот. Првиот е електричните мотори на секое тркало, а вториот е досвремениот дизајн со околу 5 квадратни метри соларни панели. Тоа значи дека на сончев ден ќе можете да возите 70 километри, а во зимските денови, околу 35 километри. Веројатно луѓето кои што можат да платат толкава сума за автомобил не возат секој ден на работа, но тоа е друга тема.

Мерцедес веднаш се фрлија на работа правејќи сличен автомобил, моделто EQXX, а сопственикот на оваа мала и амбициозна компанија на тоа одговори дека е само доказ дека се на добар пат.