Има ли нешто поморничаво од ова? Мечиња со вештачка интелигенција кои можат да им раскажуваат приказни на вашите деца користејќи прислушувани разговори во текот на денот
Замислете ја ситуацијата: вашето дете оди во кревет гушкајќи плишано мече кое не само што ги слуша неговите разговори, туку и ги користи добиените податоци за да создаде уникатни бајки. Овој концепт, кој изгледа како заплет на Black Mirror, би можел да стане реалност за само неколку години.
Алан Вонг, ко-основач на компанијата за играчки VTech, рече дека мечињата со вградена вештачка интелигенција ќе им понудат на родителите алтернатива за читање бајки на своите деца. Овие играчки ќе ги комбинираат карактеристиките на ChatGPT и познатиот Furby за слушање на разговорите на детето и создавање персонализирани приказни за читање доцна навечер.
Мечињата со вештачка интелигенција најверојатно ќе се појават на пазарот во 2028 година, рече Вонг. Сепак, тој исто така призна дека можностите на паметните технологии се донекаде вознемирувачки.
VTech веќе лансираше широк спектар на паметни играчки за деца како таблети, паметни часовници и камери. Тие долго време се предмет на дебата за безбедноста бидејќи потенцијално можат да бидат хакирани од напаѓачи.
Идејата за плишано мече со вештачка интелигенција вклучува употреба на чет-ботови за создавање приказни прилагодени на секое дете. Како што детето е во интеракција со својата играчка и ги споделува своите секојдневни активности, играчката ќе стане попаметна и ќе може да му понуди поинтересни приказни.
Вонг нагласи дека овие играчки не само што ќе го знаат името на детето, туку и многу други детали од неговиот живот, како што се училиштето во кое оди и неговите пријатели. Така, кадифената играчка ќе изгледа како вистински пријател со кој детето ќе може да разговара и да комуницира.
Сепак, постојат грижи за безбедноста и приватноста. Џејк Мур, специјалист за безбедност на ESET, забележува дека таквите уреди можат да обезбедат многу чувствителни податоци за детето, кои може да се користат или споделат со трети лица без родителска согласност.
Пред да станат достапни вакви мечиња, производителите на играчки треба внимателно да ги испитаат прашањата за безбедноста и приватноста, велат експертите.
Иако овие играчки можат да бидат интересна и забавна алтернатива за децата, мора да се земат предвид ризиците и децата да се научат да го ограничат споделувањето на личните податоци.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно