Имало и полошо: Американец бил присилен да плати 807$ за нешто што го одржува во живот
Твитер група посветена на здравствениот систем во Обединетото кралство сподели фискална сметка која остава без зборови. Покрај фискалната сметка, фотографијата покажува како лицето добило само две кутии лекови на рецепт за толку голема сума пари, дури 807 долари.
NHS Million забележа како фискалната ја покажува сумата што лицето треба да ја плати за да го добие својот инсулин. Инсулинот најчесто го користат оние на кои им е дијагностициран дијабетес. Тоа е витален хормон без кој оние со оваа состојба не можат да преживеат.

Откривајќи ја шокантната цена што некои треба да ја платат во САД за едноставно да останат живи, NHS Million ја искористи можноста да му се заблагодари на Националниот здравствен систем на Велика Британија, затоа што кај нив овие работи се бесплатни.
Насловот гласеше: „Оваа личност мораше да потроши 807,96 долари за единственото нешто што го одржува во живот – инсулинот.

Оттогаш се појавија коментари за поддршка на NHS и бесплатната медицинска нега што ја нуди на милиони луѓе во ОК, заедно со другите корисници кои детално ги наведуваат сличните медицински трошоци што ги направиле како резултат на живеењето во Америка.
Кети Спер го сподели своето паралелно искуство со тоа што ѝ наплатиле 200 долари за едно шишенце Новалог, исто така вид на инсулин. Таа рече: „Да, плаќам 200 долари за шишенце Новалог и добивам 3 ампули одеднаш. Потоа плаќам 150 долари за моите пенкала Basaglar во по 3 кутии. Сето тоа по осигурувањето. Зошто секогаш сум шворц […] Тогаш морам да платам за сите шприцеви и игли за пенкала. Исто така плаќам за моите Libre сензори и други лекови исто така. Скапо е.“
Ова не е прв пат трошоците за медицинска нега во САД да бидат под лупа, затоа што понекогаш можат да бидат прилично страшни, не дека ние имаме многу право да ги осудуваме.
