„Имам 23 години и си ги замрзнав јајце клетките – тешко дека сега ќе најдам маж со којшто ќе сакам да имам деца“
Сабрина Лоу (23) може да се пофали со повеќе од 87.000 следбеници на интернет кадешто редовно споделува снимки, видеа и слики од нејзините контроверзни лудории. Таа претходно го обоила своето куче во розова боја за да одговара на нејзината облека и потрошила 17.000 долари во обид да ги „зголеми интимните делови“.
Сега, манекенката објави дека ги замрзнала сопствените јајце клетки затоа што „не останале добри мажи“ со кои може да има деца. Ова откритие предизвика љубопитност за нејзиниот љубовен живот.
„Веќе не верувам дека идеалниот партнер за градење семејство ќе се појави во временската рамка што ја сакам“, рече Сабрина. „Значи, решив да преземам контрола над мојот живот и да се погрижам да бидам подготвена кога ќе дојде вистинското време. Сакам да поттикнам дискусии за мајчинството и очекувањата на општеството за модерните жени“.
Сабрина се раздели од нејзиното последно момче во мај 2024 година, откако откри дека тој наводно водел двоен живот. Таа тврди дека нивната двегодишна врска завршила кога го видела како шета рака под рака со друга жена.
Таа се шегуваше: „Бев во полијаморна врска, но тој само заборави да ми каже. Кога дознав за другата жена, ми беше како срцето да ми го извадија од градите“.
Таа откри дека симнала апликација за следење на телефонот на нејзиниот поранешен. Најпрво рекла дека тоа е за негова безбедност, но подоцна го искористила за да ги следи неговите движења кога се посомневала дека ја изневерува.
Сабрина се присети: „ГПС ми покажуваше дека тој не оди во градот во кој ми кажа дека ќе оди. Тогаш решив да го следам“.
Манекенката го следела ГПС-от до трговскиот центар, каде се соочила со бившиот и неговата љубовница. Таа објасни: „ГПС ми кажуваше дека е во трговски центар. За да го разоткријатм, влегов во трговскиот центар и го најдов како оди рака под рака со друга жена“.
И покрај обидот да се спаси врската, таа на крајот завршила со неуспех. Моделот сега вети дека ќе се фокусира на себеси, па затоа и си ги замрзнала јајцата, доколку не успее да најде партнер.
Kokoski ne bi cuval so vakvo ne pa deca kucka skapana, mrs pizda ti materina satanisticka
Коментирај анонимно