„Имам 25 години и 14 годишен син, луѓето постојано ме критикуваат, но јас сакам да бидам млада мајка!“
25-годишна девојка му откри колку многу сака да биде млада мајка… на својот 14-годишен „бонус“ син.
Кортни Ли Хјуит открива дека ја критикуваат на интернет затоа што има син тинејџер кога таа е само во средината на дваесеттите.
На нејзиниот „TikTok“ профил, таа има објавено видео како танцува на рап песна заедно со младото момче.

„Кога штотуку наполнивте 25 години и имате 14-годишен „бонус“ син“, вели таа, како натпис на видеото.
Објавата, која има неверојатни 16 милиони прегледи, беше насловена како „Биди лут поради оваа, Карен“.
„Бонус“ се однесува на тоа дека и е роднина, но видеото како танцува со нејзиниот посинок доби бројни коментари од збунетите гледачи.
„Што е бонус син“, коментира еден човек. Друг додаде: „Мислев дека тоа е вашиот вистински син и дека сте го имале на 11 години?“
Во последователен пост, таа одговара на прашањата на луѓето за нејзиниот посинок.
Некои од прашањата гласат: „Не разбирам што сакаш да кажеш со „бонус син“. Можеш ли да објасниш? Нова сум во твоите видеа и ги сакам патем. Извини ако ова те вознемири“
„Да се биде бонус мајка се заработува, маќеата е само некој што се мажи за тато“, вели Кортни, како одговор на овие прашања.
Објавата која е прегледана над 232 илјади пати наиде на бројни коментари од луѓе кои сега разбираат.
„Ох, ми се допаѓа тоа, „бонус“ мама има смисла. Бонус син/мама е поубав термин отколку да се каже посинок или маќеа“.

Коментирај анонимно