„Имам 40 години, но изгледам толку младо што често ме мешаат дека сум сестра на мојата ќерка – сега носиме и исти облеки“

Кели Канту (40) и нејзината ќерка Мадисон (20), кои се од Калифорнија, САД, но сега живеат во Англија, тврдат дека постојано ги сметаат за сестри. Кели ја родила Мадисон кога имала само 20 години, возбудена што ќе има своја „мини јас“. Но, ова буквално се остварило кога Мадисон почнала неверојатно да наликува на својата мајка додека растела.

Кога Мадисон наполнила 13 години, а Кели само 33, луѓето почнале да ги прашуваат дали се сестри.

 

 

Кели, која работи како креатор на содржини, вели: „Тоа почна кога Мадисон беше во средно училиште. Се случуваше кога ќе одев да ја земам. Постојано ме мешаа за нејзина сестра или ученичка. И двете мислевме дека е многу смешно.

Мадисон додаде: Моите пријатели и соученици, кога за првпат ја запознаваа мајка ми, секогаш прашуваа дали ми е сестра. А истото го правеа и нивните родители!“

Оттогаш, овие коментари не престануваат, бидејќи луѓето често мислат дека се сестри наместо мајка и ќерка.

Кели вели: „На јавни места, па дури и онлајн, постојано нè мешаат. Секогаш кога ќе ја наречам ‘мало девојче’ и некој дознае дека сум ѝ мајка, веднаш велат: ‘Мислев дека сте сестри’.“

 

Но, понекогаш Кели се чувствува непријатно поради постојаните прашања.

„На почетокот мислев дека е смешно. Особено кога Мадисон беше помала, тоа ми беше за смеење. Но, сега понекогаш се срамам. Особено кога луѓето почнуваат да ме прашуваат колку години сум имала кога сум ја родила!“

Мадисон, пак, нема ништо против ваквите коментари.

„Мислам дека е смешно, и се надевам дека ќе ги наследам нејзините добри гени. Кога луѓето дознаваат дека всушност ми е мајка, а не сестра, секогаш се шокирани. И обично кажуваат нешто за тоа колку младо изгледа. Чувствувам чест бидејќи таа е прекрасна жена. Сите го велат тоа, а и јас го знам. Се надевам дека ќе изгледам исто толку добро кога ќе наполнам 40!“

 

Мајката и ќерката, кои се и најдобри пријателки, дури вложуваат труд да носат исти облеки.

„Обожавам да се облекуваме исто! Од секогаш сум се трудела да носиме усогласени бои. Тукушто нарачав исти божиќни џемпери и пижами за нас. Еднаш дури ја офарбав косата темна за повеќе да личам на Мадисон!“ – споделува Кели.

За двете, сличноста е комплимент, а Кели вели дека за неа е најголема чест што ја споредуваат со својата ќерка.

„Обожавам кога ќе чујам дека личиме. Мадисон е најубавата личност за мене, па кога некој мисли дека личиме, тоа ми значи многу“.

 

 

 

Дури и нивните роднини и пријатели сметаат дека изгледаат „речиси идентично“.

„Мајка ми постојано ми кажува дека не може да се изначуди колку слично изгледаме и се однесуваме. Мислам дека тоа е уште поизразено сега, бидејќи јас и ќерка ми сме најдобри пријателки, одиме насекаде заедно и се однесуваме многу слично“. – додава мајката.

И покрај тоа што некои луѓе сметаат дека нивната блискост е „чудна“, двете не се грижат, бидејќи се најдобри пријателки една на друга. Колку мислите дека е тоа добро? Убаво е и чест е да личиш на својата мајка толку многу, но каде е границата на пријателството и дали ја има?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *