„Имам 54 години и ќе се селам со моето семејство на Бали – трошоците за живот во земјата од кадешто доаѓам се огромни, не се издржуваше!“
Анет Деншам, 54-годишна бизнисменка, постојано плачела додека била на одмор во Бали и покрај тоа што деновите ги поминувала на сонце со своето семејство, затоа што не сакала да се врати назад дома. Не можела да ја оттргне грижата за враќањето дома во Австралија и стравот дека нема да може да се пензионира на 65 години.
Со зголемените трошоци за живот и недвижнини, се чувствувала како да работи само за да плати сметки. Нејзиниот сопруг Ерл, познат по своето рационално размислување, предложил радикално решение: да се преселат во Бали, каде што животот е значително поевтин, а таа ќе се чувствува посреќно.
И покрај необичноста на предлогот, идејата за преселба станала привлечно решение за семејството кое се мачело со финансиски притисоци. Нивната наемнина за три-собен дом на Голд Коуст се зголемила од 500 долари на 700 долари неделно, а сметките за струја, бензин и храна исто така пораснале. Тие одлучиле да направат пресврт и да го продадат својот имот, со план да се преселат во Убуд, во срцето на Бали.
Анет заработува помеѓу 12,000 и 15,000 долари месечно, но поради зголемените трошоци и невработеноста на Ерл, кој претходно работел во угостителството, семејството не успева да заштеди многу. Нивниот син Квин, кој работи во „Доминос“, штеди на себе и своите желби поради високите трошоци за живот, а Зајд, нивниот постар син, исто така планира да се пресели со нив во Бали. Во Бали ќе изнајмат луксузна вила со базен за 350-400 долари неделно, а животните трошоци, како храна и транспорт, се значително пониски.
И покрај тоа што ги очекува нова авантура, Анет е загрижена за културните разлики и јазичната бариера. Ерл и Зајд планираат да основаат туристички бизнис, иако се свесни за конкуренцијата во туристичкиот сектор на Бали. Семејството ќе продаде најголем дел од своите работи, но ќе ги задржи најдрагоцените предмети. Иако преселбата е ризик, Анет верува дека овој чекор ќе им овозможи нов живот и ќе им помогне да заштедат за иднината.
Коментирај анонимно