„Имам 57 години и тоа како изгледав не беше соодветно на тоа како се чувствував. Направив операции во корејска клиника и сега сите велат дека изгледам ОДЛИЧНО“

Една жена го вчудоневиди интернетот откако победи во ждрепка и доби серија пластични операции. Снимката од пред-и-потоа на среќната добитничка брзо достигна над 80 милиони прегледи на „Јутјуб“, при што многумина мислат дека таа успеала да го стопира стареењето.

 

1. Таа е прва добитничка на ваков тип на награда

Жената, по име Иви, испратила апликација до „Braun Plastic Surgery“, корејска клиника за убавина чиј канал на „YouTube“ споделува различни видеа на тема пластична хирургија. Таа била избрана како дел од новиот предизвик, каде што лекарите сакаа да трансформираат некој постар.

„До сега, најчесто правевме операции на млади луѓе кои сакаа да станат поубави“, објасни еден од лекарите . Така, новиот фокус станаа постарите жени. Всушност, тие конкретно барале „средовечни жени кои се здебелиле многу по породувањето и родителството или чии лица виснале поради стареење“. Името на Иви излегло во среќната ждрепка.

 

2. Таа била задоволна со тоа како изгледала

„Јас сум 57-годишна жена и заинтересирана сум да се пријавам да бидам еден од вашите модели“, рекла таа во нејзиното видео за апликацијата. „Пратив слика од себе кога имав 34 години. Знаете, сè уште одвнатре се чувствувам како да сум личноста на таа фотографија, но кога ќе се погледнам во огледало, се изненадувам што изгледам уморно и исто како животот да ми направил бројка. Затоа, би сакала да вратам дел од таа свежина“.

Непосредно пред да биде однесена во Јужна Кореја за да се сретне со лекарскиот тим и да направи неколку пластични операции, таа признала дека она што и пречело е тоа што нејзиниот изглед не е на исто ниво со начинот на кој таа размислувала за себе. „Една од работите за кои сум возбудена со овие процедури е тоа што се надевам дека мојата надворешност ќе почне да се совпаѓа со тоа како се чувствувам внатре малку повеќе“, рекла таа искрено. „Не се чувствувам 57. Се чувствувам помлада од тоа и некако повозбудена за животот и за правење работи во иднина. Но, кога ќе се погледнам во огледало, изгледам како да имам 57 години“.

 

wait till the end for RESULTS!!😱😱😱

„Ушите ми се подолги, носот ми се зголемува, брчките ми се подлабоки. Зачудувачки е. Тешко е да старееш и да се соочиш со тие промени во огледалото и понекогаш да те изненади фактот дека повеќе не личиш на тебе“, додаде таа.

 

4. Најголемиот дел зафати се направени на нејзиното лице

Според клиниката, Иви направила вкупно четири различни пластични операции, и на лицето и на градите. Тие беа: подигнување на градите со корекција на птоза, SMAS лифтинг на лицето плус лифт на челото, блефаропластика на долниот дел, репозиционирање на маснотиите на очните капаци и липосукција на лицето.

„Има малку опуштеност во нејзиното лице, како и во нејзините гради, па сакаше да ги намали градите“, објасни еден од лекарите. „Опуштените гради и предизвикуваат болка во рамото, тоа беше нејзината најголема грижа“.

 

5. Резултатите беа неверојатни

Иако Иви го опиша процесот на закрепнување како тежок, таа е задоволна од тоа како се промени нејзиниот изглед и како се подобри квалитетот на нејзиниот живот, особено поради намалувањето на градите. „Закрепнувањето, особено првите два или три дена, беше предизвик за мене“, се сеќава таа во видеото по операцијата. „Но, не дојдов со семејството или пријателите, па морав да направам сè сама и мислам дека тоа придонесе за поголем предизвик“.

„Веќе се чувствувам ослободено од градите што ги имав претходно, а кои секогаш ми пречеа. Беше многу тешко и ме болеше грбот“, додаде таа. „Ви благодарам многу“.

 

Луѓето брзо изразија колку се изненадени од резултатите од преуредувањето. „Леле! Изгледа како слика од мајка и ќерка“, напиша една жена на „Фејсбук“. „Го видов видеото за трансформација, таа за почеток е многу убава дама, но кога беа направени процедурите и таа заздрави, тоа беше успех во медицинската наука изведен од вештите раце на овие хирурзи. Прекрасно!!!”

 

 

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *