„Имам над 100 Барби кукли и се облекувам само во розово. Сепак, мислам дека понекогаш мажите не можат да ме поднесат поради тоа!”

Кејти Лавдеј (18) поседува повеќе од 100 кукли Барби и Братц, се облекува во розова боја од глава до пети и ја украсува својата спална соба, па дури и нејзиниот автомобил во исклучиво розова боја.

 

 

Сепак, таа се плаши дека нејзината опсесија може потенцијално да ги оттргне некои потенцијални партнери од неа.
„Очекувам луѓето со кои излегувам да влезат во мојата соба и да мислат дека целосно розовото е премногу“, изјави Лавдеј.
„Се загрижувам дека повеќето луѓе сакаат партнер кој ќе се облекува нормално – додека пак јас, целиот мој изглед го базирам на барбиките од моето детство“, продолжи таа.
Но, иако ја има таа грижа, Лавдеј избира да ја прифати нејзината индивидуалност и не дозволува ништо или никој да ја спречи.

 

Лавдеј, која сега е самовработена и води сопствен бизнис со облека, се присетува дека отсекогаш имала еден тон кукли Барби.
Таа објаснува дека секогаш ги добивала за родендени како подарок и уживала да се облекува и самата, но и куклите во розево.

 

„Мама ја забележа мојата опсесија и секогаш ми купуваше розова облека, затоа што и таа го сака тоа“.

 

Така, во 2020 година, во екот на пандемијата на коронавирус, кога многу луѓе во светот беа принудени да бидат затворени во своите домови, Лавдеј одлучила дека сака да почне повеќе да се „изразува“.

Таа се вратила на носењето розово – и тоа е одлука што ја прави повторно да се чувствува комплетна.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *