Имам од Уганда е суспендиран откако дознал дека неговата сопруга од две недели всушност е МАЖ
Шеикот Мохамед Мутумба (27) ја дозна вистината кога неговата невеста била фатена како краде ТВ од сосед и била приведена од полицијата. Крадецот подоцна признал дека се преправа дека е жена за да може да се „омажи“ за имамот и да му ги украде парите, јавуваат локалните медиуми во Кајунга. Шокираниот Мутумба е суспендиран од своите должности како свештеник во џамијата во Камписи Масџид Нор додека се води истрагата.
Тој тврди дека не бил интимен со неговата „сопруга“ уште од свадбата две недели пред тоа, бидејќи таа му рекла дека е во менструален циклус. Мутумба вели дека мислел дека е во брак со жена наречена Свабулах Набукера, кога тие се венчале во традиционална исламска церемонија во декември.
Откако „невестата“ била фатена како краде полицајка мислејќи дека станува збор за жена почнала детално да ја претресува и сфатила дека всушност се работи за маж. За Мутумба се вели дека е „премногу потресен“ за да зборува за инцидентот и му треба психијатар.
Пријателите и колегите рекоа дека исто така биле измамени од измамникот, кој обично носел хиџаб. Амиси Кибунга, која исто така работи во џамијата, вели: „Имаше сладок мек глас и одеше како жена“. Кибунга исто така открил дека Мутумба се пожалил четири дена по венчавката дека неговата нова невеста одбила „да се соблече додека спиеле“.
Осомничениот подоцна изјавил во полиција дека неговото вистинско име е Ричард Тумушабе и тој признал дека се оженил со Мутумба во обид да ги украде парите на свештеникот.